Македонија
10. December 2019 - 16:40

Камчева: Се плашевме од моќта на Јанева, Боки 13 ги знаеше сите чекори на СЈО

За 8 милиони евра предметот Империја на СЈО требал да исчезне. Сопругата на бизнисменот Орце Камчев два часа пред судот сведочеше за средбите со обвинетите Боки 13 и Катица Јанева на кои и биле побарани 500 илјади евра за мерката притвор на Камчев да биде заменета со домашен притвор.

Ана Камчева тврди дека првата средба на која и биле побарани пари за замнема на оваа мерка била со братот на судијака Весна Димишкова, која на Камчев му ја определи мерката притвор, а дека потоа станала свесна за блискоста на обвинетиот Боки 13 со Катица Јанева.

Бојан точно знаеше кога мојот сопруг ќе биде однесен во СЈО, кои сведоци ќе бидат повикани и кои телефонски разговори ги поседува обвинителството. Исто така, комуницираше со Јанева која ја пушташе на спикерфон и која му даваше насоки и одобренија. На првата средба не побара пари од нас, туку само се повика на близината со Јанева. Тука сакам да напоменам дека во ниту еден наврат не сум била сама со него, секогаш беше тука и Милески. Средбите беа во неговата канцеларија, еднаш во ‘Сушико’ и два пати во неговиот дом. На една од средбите Бојан ми побара 500.000 евра. Се плашев од моќта на Катица Јанева и Бојан Јовановски бидејќи сфатив дека имаат контакти со многу судии, обвинители и високи функционери меѓу кои и Оливер Спасовски, посочи Камчева пред судот.

Од овие причини вели дека овој случај првично го пријавила кај директорот на УБК Горан Николовски, со кого имале две средби надвор од просториите на управата поради блискоста на Јовче И Фросина Ременски со обвинетиот Бојан Јовановски.

Ваквите тврдења Камчева не секаше да ги коментира по завршувањето на исказот.

За одбраната на Боки 13 и Катица Јанева пак исказот на Камчева е различен од оној даден за време на истрагата.

На денешното рочиште сведочеше и сметководителката во фирмите на Орце КАМЧЕВ која посочи дека во февруари годинава во два наврати извадила по 18 и 20 милиони денари од сметките на сестрата и мајката на орце камчев. овие пари потоа во две торби ги однела во куѓата на камчев каде заедно ја изготвиле спецификацијата. Следното рочиште за Рекет е закажано за 25 декември за кое се повикани тројца сведоци.