Камерите на депонијата во Босилово снимија маж како ја потпалува
Камерите поставени на депонијата во Босилово „уловија“ несовесен граѓанин како ја потпалува. Огнот бил изгаснат, а случајот бил пријавен.
Според градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, вакви постапки не се дозволени.
-Без разлика дали намерата била да се запали цела депонија или само одредени предмети за да се собере старо железо, ваквите постапки не се дозволени, вели Манчев.
Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез и излез на возила за складирање на отпадот со кое сакаат да ги спречат несовесните граѓани од палење на отпадот со што се создава загадување на воздухот и неподнослива миризба.
Од општината апелираат на совесност и одговорност од секој граѓанин затоа што сите се запознаени за проблемот и последиците со кои се соочуваат граѓаните на Босилово од горењето на депонијата.
Инаку, Општина планира планира следната година во летниот период депонијата да биде затворена, односно ќе воведе систем на контролирано фрлање на отпадот исклучиво за граѓаните од населено место Босилово.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите