Живот
27. March 2019 - 11:19

Камерите снимија неверојатна кражба: Крадец украде куче пред очите на сопственикот

Несекојдневна кражба се случила во Детроит во американската сојузна држава Мичиген каде двајца крадци украдоа домашно милениче и тоа пред очите на сопственикот. 
 
Инцидентот се случил на 17. март околу 4 часа утрото на бензинската станица. 
 
Сопственикот на кучето, 58-годишниот маж кој излегол на  прошетка  почнал да разговара со непознатиот маж кој застанал покрај него со син автомобил.
 
Мажтот за тоа време го галел кучето и во еден момент му го скинал ланчето од вратот. 
 
Го кренал и почнал да го носи, а сопственикот се обидел да го застане, но не успеал.
 
Крадците веднаш побегнале, а безбедносната камера од бензинската станица се снимила, па сега полицијата трага по нив.