Фудбал
3. February 2017 - 9:03

Камерун во финалето на Африканскиот куп на нации

Репрезентацијата на Камерун успеа да се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации откако синоќа ја победи Гана со 2:0. Двата гола Камерун ги постигна во вториот дел. Во 72.минута стрелец беше Мишел Нгадеу-Нгаџуи, а вториот гол го постигна Кристијан Басогог во 90+3.минута.
 
Во финалето камерун во недела ќе игра против Египет и ова ќе биде третпат овие две селекции да играат во финалето.
Во сабота ќе се одигра натпреварот за 3.место меѓу Гана и Буркина Фасо.