Loading Video...
Фудбал
17. May 2022 - 14:15

Канатларовски го објави списокот за дуелите против Ерменија и Украина

Драган Канатларовски селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација, денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство. 
 
Од носителите на играта ќе ги нема Енис Фазлагиќ, Филип Антовски, Бојан Димоски и Томче Гроздановски, кои се очекува да добијат повик во А-тимот, како и повредениот Филип Трпчевски.
 
Иако нашата селекција до 21 година и теоретски ги загуби шансите за пласман на 2.место на табелата, а со тоа и баражот, сепак во дуелите со 
Ерменија и Украина, селекторот Канатларовски очекува од неговите избраници да го дадат максимумот. 
 
- Ова се натпревари во кои секој треба да докаже дека не случајно е во тимот и дека оваа селекција има квалитет, смета Канатларовски
 
Првиот меч против Ерменија нашите младинци ќе го играат на Националната арена „Тодор Проески" во Скопје на 2 јуни, а три дена подоцна (5 јуни) во Истанбул ќе и гостуваме на Украина. 
 
По завршувањето на квалификациските обврски нашата млада селекција ќе одигра и две пријателски средби со БиХ во Скопје и тоа на 10 и 12 јуни.