-->
-->
Канте најдобар во Премиер лигата
-->

Фудбалерот на Челзи, Н’Голо Канте, е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата на Англија, во тековната сезона, во изборот на Здуржението на професионални фудбалери (ПФА).
Репрезентативецот на Франција, 26-годишниот Канте, престижната награда ја освои во конкуренција на соиграчот Еден Азар, односно напаѓачите од Тотенхем Хари Кејн, Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ, Евертон Ромелу Лукаку и Арсенал Алесис Санчез.
Канте, минатата сезона беше еден од клучните играчи на Лестер во походот на шампионската титула во Премиер лигата, со брилијантната игра продолжи и по доаѓањето во Челзи.
Французинот има можност да стане првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој во две последовни сезони, со два различни клуба ја освоил титулата. Челзи на пет кола до крајот е лидер во шампионатот, со четири бода повеќе од Тотенхем.
Канте сезонава е најстандардниот во дресот на Челзи, во Премиер лигата не одиграл само еден натпревар, против Борнмут.
Инаку, ПФА, исто како и минатата година за најдобар млад играч го избра фудбалерот на Тотенхем, Деле Али.
На свечената церемонија во Лондон поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам доби специјална награда од ПФА за придонес кон фудбалот и фудбалската игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
