Фудбал
25. October 2017 - 15:41

Карабаро куп: Манчестер Јунајтед без проблеми во четвртфиналето

Екипата на Манчестер Јунајтед без поголеми проблеми успеа синоќа да триумфира во осминафиналето од Карабао купот (Лига куп) откако на гости го совлада Свонси. Стрелец на двата гола за „црвените ѓаволи“ беше Џеси Лингард.
 
Арсенал и Манчестер Сити со многу повеќе мака на домашен терен изборија четвртфинале. Арсенал по продолжение го совлада Норвич, а Манчестер Сити дури по изведување на пенали беше подобар од Вулверхемптон.
 
Резултати:
 
Свонси - Манчестер Јунајтед 0:2,
 
Арсенал - Норвич 2:1 (продолжение),
 
Манчестер Сити - Вулверхемптон 0:0 - 4:1 пенали,
 
Бурнемут - Мидлсброу 3:1,
 
Бристол Сити - Кристал Палас 4:1,
 
Лестер - Лидс 3:1.
 
Вечерва се играат дуелите: Челзи - Евертон и Тотенхем - Вест Хем.