Loading Video...
Спорт плус
3. January 2021 - 17:42

Карлос Сајнц победник на првата етапа на релито Дакар

Стартуваше 43-тото издание на релито Дакар, кое годинава се вози на Арапскиот полуостров.
 
Шпанецот Карлос Сајнц е победник во конкуренција на автомобили, на првата етапа штоп се возеше од Џеда до Биша во должина од 623 километри. 
 
Сајнц оваа делница со своето Мини ја мина во време од 3:05:56 часа, што беше за само 25 секунди подобро легендарниот Стефан Петерхансел кој е најтрофејниот возач во историјата на ова рели. 
 
Третото место му припадна на Чехот, Мартин Прокоп на Форд. 
 
Во конкуренција на мотоциклисти триумфираше Тоби Прајс на КТМ, пред Кевин Бенавидес на Хонда и Матиас Волкнер исто така на КТМ. 
 
Утрешната втората етапа е со должина од 685 километри, а до крајот на релито учесниците поделени во неколку категории ќе минат вкупно 8.000 километри.