Македонија
28. February 2019 - 12:15

Карневалот ги исполни сместувачките капацитети во Струмица

 

 На една недела пред почетокот на Струмичкиот карневал сите сместувачки капацитети во градот се исполнети, информираат од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

– Сместувањето ни е најголем проблем, ако така може да се каже. Имаме 570 пријавени гости од странство, а имаме место за околу 520. Планираме овие педесетина гости да ги сместиме во конаците на Црквата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и на тој начин ќе го решиме овој проблем, вели Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Додава дека хотелите во Струмица биле закупени за Интернационалната карневалска вечер што ќе се одржи на 9-ти март, уште пред пет месеци, а дел од сместувачките капацитети биле закупени и продадени преку „букинг“.

Имено, според податоци од организаторите, на главната карневалска вечер лани преку граничниот премин Ново Село, на македонско-бугарската граница влегле дури седум илјади гости од соседна Бугарија.