Свет
5. July 2017 - 18:32

Катар повика за дијалог во решавањето на кризата во Персискиот Залив

 Шефот на катарската дипломатија, Мохамед бин Абдулрахман ал Тани повика од Лондон кризата во Перисискиот Залив да биде решена преку дијалог, а не преку блокади. 

- Катар продолжува да повикува на дијалог, изјави министерот во обраќањето пред британскиот институт „Четам хаус“.

Тој истакна дека Катар е подготвен да учествува во преговори со јасна рамка, која ќе го гарантира неговиот суверенитет. 

Ал Тани додаде дека дејствијата на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Обединетите Арапски Емирати, кои тој ги означи како опсада, претстававуваат „очигледна агресија и навреда“.