Бизнис
27. October 2015 - 16:43

Катарски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Катарците заинтересирани да инвестираат во туризмот , енергетиката, за воведување на дирекетен лет до Скопје,  но сакаат и поголем пласман на  македонска храна таму. За време на нивниот неколку дневен престој во земјава,  бизнисмените ги разгледаа условите за инвестирање во повеќе сектори и бенефитите кои ги имаат странските компании кои веќе работат  тука. Остварија средба со повеќе бизнисмени, престваници на големи компании и со државниот врв.

- Заинтересирани се за поголем извоз на храна  таму, како јаболко, јагнешко месо, за инвестиции во повеќе проекти во делот на  хотелиерството, туризмот, рече Кристијан Делев- заменик министер за економија.

По средбата со претседателот Иванов, претставникот од авиокомпанијата Катар Ервејс, потенцира дека Македонија е убава земја со гостопримлив народ што е основа за уште поголем развој на туризмот. Веќе од следната година  размислуваат за воведување на дирекна авиолинија до Скопје, што е од голема важност за бизнисмените од Доха.

- Патувањето ќе помогне за развој на туризмот , ќе ја подобри трговијата , ќе дозволи повеќе бизнисмени поленсо да патуваат меѓу  градовите. За да стигнеме тука нас ни се потребни десет часа, со воведувањето на летот се надеваме дека најмногу ќе ни требаат четири часа, што е доста важно за бизнисмените од Доха, рече  Али Ал Реис- заменик претседател на авиокомпанијата Катар Ервејс.

Посетата на бизнис делегацијата од Катар во земјава доаѓа по средбата на претседателот Иванов со емиратот на Катар  и претставници на стопанската комора во Доха.