Македонија
31. March 2016 - 17:23

Катица Јанева и денеска не дојде во собранието

Четврти пат по ред Катица Јанева не се појави пред Собранието за да го презентира извештајот пред комисијата за политички систем.

Седницата повторно беше одложена. Претседателот Влатко Ѓорчев вели дека сите функционери се појавуваат пред оваа комисија, освен Јанева која не го почитува Собранието кое е највисок законодавен орган.Од СДСМ пак велат дека Јанева нема обврска да се појави пред Собранието кое според нив не ни треба да го разгледува нејзиниот извештеј, исто како што не го разгледува извештајот на Државниот Јавен обвинител, Марко Зврлевски.Јанева вчера не сакаше да го презентира својот извештај ни пред Советот на Јавни Обвинители, каде се појави само да им каже на обвинителите дека нема намера да соработува со нив.

Од советот на Јавни Обвинители негативно го оценија извештајот на Специјалната Јавна Обвинителка. Обвинителите одлучија и дека на Јанева нема да и ги дадат и предметите “Маѓар Телеком“ и “Верушевски“ затоа што тие немаат никаква поврзаност со прислушуваните разговори за кои таа е надлежна.

 

 

Видеа од Македонија