Македонија
16. September 2019 - 16:08

Катица Јанева остана без работа, обвинителите на СЈО се вратија во матичните институции

Катица Јанева останува без работа, обвинителите се враќаат на претходните работни места. Советот на јавни обвинители ги прекина мандатите на обвинителитите од СЈО. Одлуката следи откако претходно беше разрешена специјалната обвинителка, а според законот за СЈО, мандатите на обвинителите помошници не може да траат подолго од мандатот на Јанева.

Од СЈО велат дека сите обвинителите денеска биле на своите работни места. И покрај ова, тие не се појавиа на судењета по предметите кои ги застапуваат. За случајот „Траекторија“, барање за одложување доставиле и специјалното и државното обвинителство.

Од советот на јавни обвинители велат дека не се исклучува можноста, обвинителите од СЈО да продложат да ги застапуваат предметите, но тоа може да го побара само државниот обвинител Љубомир Јовески.

Од Државното обвнителство не откриваат дали се разгледува можноста за времено распоредување на обвинителите од СЈО за да продолжат да ги водат предметите. Објаснуваат дека завршила постапката за преземање на истрагите и обвиненијата, и тие се доверени на обвинителите од СЈО се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.

Во својот четири годишен мандат, СЈО покрена 20 обвиненија, три од нив добија судска разрешница.