Македонија
14. October 2019 - 16:46

Катица Јанева се враќа во Шутка - здравствената состојба стабилна

Екс шефицата на СЈО се враќа во истражниот затвор.. Катица Јанева, четири дена беше на лекување во болницата Жан Митрев, а здравствените услуги ги плаќаше од свој џеб.

Последните испитувања ги имала утринава, правен и е преглед на главата за дијагностицирање епилепсија, тумор и мозочен удар..

Во меѓувреме, до адвокатите на поранешната специјална обвинителка пристигнало обвинението за „Рекет“, го добиле и решението за продолжување на притворот..

„Здравствената состојба на Јанева ќе се следи и во следниот период. Ги примивме обвинението и решението за притвор. Против обвинителниот акт, ќе поднесеме приговор“ вели адвокатот на Јанева, Ирена Фрчкоска..

Специјалната обвинителка во притвор е повеќе од 50 дена. За да го напушти истражниот затвор понуди и три станови но таквата гаранција ја отфрли судот. Жалбата на таквото решение не ја разгледа Апелациониот суд кој утврдил повреда на постапката..

„Ние сметаме дека мериторно требало да се одлучи, или да се прифати или да не се прифати, и ако не се прифати, во тој случај требало да се одбие барањето, а не како што одлучил судијата на претходна постапка, тоа да се отфрли“, појаснуваат од апелациониот суд..

Инаку денеска повторно хоспитализиран во градската болница е Бојан Јовановски. Се жалел на болки во желудникот.