Македонија
27. January 2020 - 19:47

Катица Јанева збесна во судот - судијата ја отстрани од судница

Со навредливи зборови Катица Јанева ја испрати од судница нејзината поранешна колешка од СЈО, Лиле Стефанова. Веднаш беше исфрлена од судницата па пред новинарите во холот Јанева додаде:

„Оти мачето и го возев, затоа не чинам“

За одбраната на екс обвинителката, ваквото однесување било резултат на нервоза..

„Гледаме дека обвинителката кажувала еден став во јануари, сега кажува друг став. Практично, сите работи на некој начин се извртуваат и се кажуваат онака, по наш впечаток, само за да послужат на целите на оваа постапка, во еден дел. Во друг дел коректен беше исказот“, вели Ирена Фрчкоска Адвокат на Катица Јанева..

Цели три часа траеше исказот на Стефанова.. Откри дека трпела притисоци по отворање на предметот „Империја“ во кој осомничен е рекетираниот бизнисмен Камчев.. Директно ја посочи судијата Добрила Кацарска која цели два дена престојувала во судот додека се чекала одлука за притворот на Камчев.. Кацарска негираше дека влијаела врз некого за случајот на СЈО.. Во телефонски разговор за Сител вели дека е згрозена од изјавата и додава дека дури ниту сведок без образование не би имал таков исказ.. Размислува за поднесе кривична пријава за клевета.. Судијата Кацарска во март лани преку телевизијата на Бојан Јовановски,  негираше дека влијаела при донесување на одлуката за притворот на Камчев..

Стефанова посочи дека Јанева на еден од состаноците во СЈО наредила да се врати пасошот на Камчев а потоа изнервирана ги избркала обвинителите..

„Ти Лиле да му го дадеш пасошот на Орце и со Бурим да направите извештај за штета во предметите и тука да се затворат. А сега, Марш – излегувајте од тука“, ја цитираше Стефанова екс специјалната обвинителка..

Во судницата Стефанова рече дека за предметот Империја се обидела да влијае екс пратеничката Наташа Савова.. Побарала ослободување на Камчев со писмо кое тој и го врачил на Стефанова.. Поранешната пратеничка ваквото сведочење на обвинителката го нарече претстава во празно и додава оти Стефанова имала репутација на водење монтирани процеси за политички притисок..

Надвор од судницата, обвинителката Стефанова не сакаше да говори за исказот пред судот.. Смета дека дејствијата на Јанева се огромна штета за правосудството..

Бојан Јованоски откри дека неговото семејство повеќе не може да му носи храна во Шутка, а нема да ја консумира ниту затворската храна.. Најави дека нема да оди ниту на лекарската интервенција закажана за идната недела..

Судењето за Рекет ќе продолжи со сведочење на обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми..

Со навреди ја испрати нејзината колешка