Македонија
17. October 2021 - 10:22

Кавадарци со излезеност од 4.2 проценти до девет часот на локалните избори

Од 32.163 лица во Кавадарци, кои имаат право на глас, до девет часот изгласале 1.348 или 4.2 проценти, за МИА рече Емилија Петровска, претседател на Општинската изборна комисија.

Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места.

Кавадарчани на овие локални избори бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник, како и 13 советнички листи.