Македонија
9. September 2016 - 16:46

Кавадарци за прв пат доби мамограф во кавадаречката болница

Општата болница во кавадарци доби мамограф.. Здравствената услуга за превенција и рано откривање на ракот на дојка кај женската популација од тиквешијата сега ќе се прави во оваа установа.. Претходно прегледите се извршуваа во соседните општини..

До крајот на месецов ќе почнат прегледите на новиот мамограф.. Здравствената услуга за откирвање рак на дојка ќе биде достапна преку мој термин после 20-ти септември..

Според здравствените власти, мамографот инсталиран во кавадаречката болница ќе нуди навремено откривање на малигното заболување.. Апаратот е од најновата генерација, целосно дигитален и со многу мал степен на зрачење..