Македонија
3. January 2019 - 13:10

Кавадаречките пожарникари лани интервенирале 273 пати, а нивните колеги од Неготино имале 90 интервенции

Пожарникарите од Кавадарци бо 2018 година интервенирале 273 пати, а нивните колеги од Неготино имале 90 интервенции. Апелираат за зголемување на противпожарната свест кај населението од четирите општини од Тиквешијата. Да делуваат превентивно, со цел да се спречат пожарите.

-Во 180 случаи гасневме пожар во затворен простор, а 30 пати се боревме со пламените јазици на отворено. Бележиме и 63 интервенции во Кавадарци и Росоман. Мораме да истакнеме дека се доекипиравме, имаме нова опрема, а противпижарната зграда е реконструирана по шест децении, изјавија за МИА од кавадаречката противпожарна единица.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев појасни дека 45 од пожарите им биле на отворен, а 24 во затворен простор. Во осум случаи пожар бил предизвикан при палење на отпад во контејнери.

-Имавме и 13 технички интервенции при сообраќајни несреќи, кога мораше да се сечат патнички или товарни моторни возила, за да се спасат патници, додаде Илиев.