Џет-Сет
2. July 2016 - 14:28

Келан Лук можна замена за Долф Лундгрен за улогата на „Хи- мен“

Келан Лук може да биде најновиот суперхерој, во армијата која е се поголема во последните години и ја користи секоја прилика да ја наплати својата популарност со новиот филмски жанр.

Деновиве се појави веста дека Келан Лук им паднал во очи на холивудските продуценти како идеално решение за новиот „Хи Мен“.

Преку социјалните мрежи Лук веќе ги информира своите следбеници за состанокот што го имал со продуцентите на филмот.

Дали преговорите ќе завршат со успех и дали Лук ќе се покаже како достојна замена за Долф Лундгрен, кој во 1987 година го играше овој јунак, останува да се види.