Македонија
11. September 2015 - 13:35

Келнер доби кривична пријава поради точење алкохол на дете

Делчевчанец добил кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

- СВР Штип до Основен јавен обвинител поднесе кривична пријава против Д.Г.(24) од Делчево поради постоење основи на  сомнение дека сторил кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. Пријавениот на 15-ти август годинава додека извршувал работни задачи послужување на гости во угостителски објект во Делчево, послужил  дете со алкохолен пијалок пиво, се додава во соопштението од МВР.