Џет-Сет
7. March 2018 - 13:31

Кемал од Карасевда минува низ најтешкиот период од животот

Турскиот актер Бурак Озџивит минува низ многу тешки денови во својот живот.

Имено, тој е загрижен за здравјето на својот татко кој не е во добра здравствена состојба.

Таткото на турскиот убавец неодамна беше опериран, а од зафатот е избегнат мозочен удар и му е спасен животот.

Бурак оттогаш секој момент го минува заедно со семејството и татка си. Здравствената состојба на татко му многу го загрижува, иако лекарите го уверуваат дека се ќе биде во ред.

Сепак, семејството е силно и се држи еден до друг, па покрај Бурак постојано се неговата мајка и сопругата Фахрие