Свет
21. January 2016 - 20:52

Кери: ИД ќе претрпи сериозни загуби до крајот на годината

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) до крајот на оваа година би требало да претрпи сериозни загуби, изјави вечерва во Давос американскиот државен секретар Џон Кери. 

- Сметам дека до крајот на 2016 години ќе ја исполниме нашата цел за нанесување сериозни загуби на ИД во Ирак и Сирија и да се обидеме да дејствуваме во Мосул и Рака, изјави Кери во рамки на Светкиот економски форум во Давос.

Кери нагласи дека меѓународната заедница е на „вистинскиот пат“, додавајќи дека ИД досега загуби 40 отсто од територите што ги контролираше во Ирак или вкупно 20 до 30 проценти од целото подрачје што беше под нејзина контрола. 

Тој потсети дека на 2 февруари во Рим ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на 24-те земји кои се вклучени во Меѓународната коалиција за борба против ИД, предводена од САД.

Кери најави дека ќе се обиде да издејствува проширување на списокот на земји-учеснички во меѓународната антиџахадистичка коалиција, без при тоа да посочи конкретни држави.

Осврнувајќи се на мировните преговори за Сирија што би требало да почнат на 25 јануари во Женева, Кери рече дека на почетокот нема да има дирекни разговори меѓу сириските власти и бунтовниците, туку дека тие ќе се водат со посредство на ОН.