Керим: Владината номинација признание за мојата досегашна работа
Одлуката на Владата на Република Македонија да ме номинира за позицијата Генерален секретар на ООН претставува за мене лично голема чест и признание за мојата досегашна дипломатска работа и активности на меѓународен план, вели во денешната писмена изјава Срѓан Керим, поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации.
Ќе вложам, додава тој, максимални напори на достоинствен начин, со убедлива аргументација да ја добијам поддршката на земјите членки на Обединетите Нации.
- Досегашниот процес на консултации претставува солидна основа да се движиме успешно кон посакуваната цел. Познавајќи го начинот на функционирање на Обединетите Нации и системот на донесување одлуки очекувам исклучително напорни и сложени консултации, со докрај неизвесен исход, вели тој.
Убеден сум, потенцира Керим во изјавата, дека нема да ја изневерам довербата искажана од страна на Владата на Република Македонија, како и очекувањата на целокупната македонска јавност.
Владината прес-служба вчера соопшти дека Владата на Република Македонија одлучи да го номинира Срѓан Керим за функцијата генерален секретар на ООН.
Источноевропската група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година зазeде заеднички став дека следниот генерален секретар на Светската организација, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.
Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оценила дека Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ООН.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра