Loading Video...
Балкан
2. October 2021 - 16:40

КФОР на Јариње и Брњак, заминаа специјалците и отстранети барикадите

Припадниците на специјалната единица  на косовоската полиција се повлекоа од административните  премини Јариње и Брњак кои ги поврзуваат Србија и Косово  а косовските срби ги отстранија барикадите на патишатата. 

На Јариње и Брњак се војници на КФОР, кои на премините ќе останат  две недели со цел да помогнат да се обезбеди прекуграничниот сообраќај да продолжи без проблеми. 

Со ова е исполнета првата точка од договорот  за намалување на тензиите на северот на Косово  постигнат пред два дена во Брисел помеѓу главните преговарачи на Белград и Приштина со посредство на ЕУ. 

Тензиите почнаа  од  20 септември откако Приштина  нареди  возилата со ознаки од централна Србија  да смеат да возат во Ксоово  само со привремени регистраски таблички со ознака РКС.

Владата на Курти вели дека и Србија од 2008 година не ги признава регистарските таблички од Косово. 

Од понеделник треба да почне да се применува и точката од договорот во врска со табличките а која предвидува симболите на Косово и Србија да бидат прелепувани со налепници  а во меѓувреме ќе се работи на изнаогање конечно решение.

Предвидено е трајно решение  да биде најдено во рок од 6 месеци.