Loading Video...
Свет
6. јуни 2023 - 19:40

Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за уништувањето на браната

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната Нова Каховка во јужна Украина, во областа Херсон која е под руска контрола.  

Илјадници цивили се загрозени, а штетата е огромна. Руските локални власти погласија вонредна состојба. Во тек е евакуација на поплавени населби. Браната е и од голема стратешка важност, таа ја снабдува и нуклеарната централа Запорожје со вода со која се ладат реакторите. 

Кремљ тврди дека Украинците намерно извршиле саботажа врз браната за да го свртат вниманието од неуспешната офанзива, но и за да направат хаос во водоснабдувањето на руските територии.

Генералниот секретар на НАТО, кој учествува на регионалниот состанок во Братислава, ја обвини Русија дека го загрозува мирот во Европа. 

И ЕУ е со став дека нападот врз браната е воен злочин за кој е одговорна Русија. 

Меѓународните експерти тврдат дека поплавите ќе предизвикаат голема еколошка катастрофа, чии последици допрва ќе се видат. Се очекува нивото на водата во поплавната област да се намали дури за неколку дена.