Ким Џонг Ун тврди дека има лек против рак
Режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун тврди дека таа земја има лек против ракот и за спречување на стареење - вода која извира на планина во близина на главниот град Пјонгјанг.
Изворската вода има енергетски својства и според наводите на режимот може да им помогне на граѓаните на Северна Кореја да работат се до 90 години, пренесува британски „Мирор.
Водата која извира на планината во близина на главниот град Пјонгјанг во шишиња се продава на граѓаните на Северна Кореја која има 27 милиони „со цел спречување на ракот и стареењето“.
Тоа не е прво вакво неверојатно тврдење на севернокорејските власти, наведува Мирор и потсетува дека таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Ил, наводно можел да ги менува временските услови со силата на неговиот ум, дека проодел на само три недели, а прозборел кога наполнил осум недели.
Во извештајот на режимот за квалитетот на моќта на изворската вода се наведува: „Локалното население ја вика „чиста вода“ која дава мистериозна енергија. Многу од нив се постари од 90 години, а и понатаму се здрави и работат во полето“.
- Истражувачите неодамна отркија дека таа вода содржи помалку молекули кои се апсорбираат во човечкото тело со поголема брзина од обичната и го подобрува метаболизмот на клетките, функционира како антиоксиданс и спречува акумулација на хемиските соединенија на пероксидот, го забавува стареењето и спречува појавата на рак, тврди официјален Пјонгјанг.
Таа вода, која Северна Кореја ја споредува со познатата француска вода „Евијан“ се става во шишиња во фабриката на подножјето на планината Корјонг.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација