Кина го осуди бомбашкиот напад врз нејзината Амбасада во Киргистан
Министерството за надворешни работи на Кина го осуди како „екстремен и насилен“ денешниот напад со автомобил-бомба врз нејзината Амабасада во Киргистан, во кој се повредени тројца вработени во дипломатското претставништво.
- Кина исто така, ги повика киргистанските власти темелно да го истражат инцидентот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг на прес-конференцијата во Пекинг.
Како што истакна Хуа ниту една организација не презела одговорност за денешниот напад.
Хуа додаде дека тројца вработени во кинеската амбасада во Бишкек добиле лесни повреди и се префрлени во болница.
Во близина на кинеската амбасада во Киргистан денеска експлодираше автомобил при што загина возачот, а три лица се ранети, соопшти Министерството за здравство на Киргистан, додека властите наведуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Возачот на автомобилот се обидел да ја пробие портата на амбасадата.
- Како резултат на експлозијата, само терористот бомбаш-самоубиец загина. Членови на безбедносните служби на амбасадата се повредени, изјави претседателот на киргистанската Влада, Јениш Разаков.
ТАСС наведува дека се ранети две лица од безбедносните служби на амбасадата и една жена која таму била вработена.
Вработените во Амбасадата на Кина и блиската американска амбасада се евакуирани, соопшти киргистанската служба за вонредни ситуации.
Извор во полицијата во Бишкек, за француските медиуми, соопшти дека автомобил од марката „мицибуши делика“ ја пробил капијата на Амбасадата, по што експлодирал насред комплексот, во близина на резиденцијата на кинескиот амбасадор, пренесува Танјуг.
Уште еден извор во службата за безбедност на Киргистан наведе дека во возилото се наоѓала експлозивна направа.
Локалните жители изјавија дека од експлозијата им испукале стаклата на прозорците и им се затресле куќите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација