Свет
22. February 2020 - 8:36

Кина: Се намалува бројот на заразени од коронавирус

Во Кина од коронавирус досега се заболени 76.288 лица, додека 2.345 починаа, соопштија локалните здравствени власти.

Потврдени се 397 нови случаи, што е значително помалку отколку 889 колку што беа вчера.

Во провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата, во текот на вчерашниот ден починаа 106 луѓе, од кои 90 во градот Вухан.