Македонија
13. January 2021 - 17:13

Ќе има ли вистинска борба со дискриминацијата?

Предложените членови за Комисјата за  антидискриминација наликува на партиски договор, а не на лица кои ќе се борат за подобрување на состојбите.

Ова е ставот на Ѕвонко Шавревски по вчерашната собраниска седница на која власта и опозицијата расправа, но не го изгласаа новиот состав на Комисјата.

Шавревски кој беше и еден од 44-цата кандидати не успеа да ја добие поддршката, вели дека предложените членови во најголем дел не ги исполнуваат ниту законските критериуми, за минимум 7 години работно искуство во областа на човековите права, од кои 5 години во областа на еднаквоста и недискриминација.

Шавревски сепак испраќа и порака до своите несудени колеги, да ги остават настарана партиските интереси.

За членови на Комисјата за спречување и заштита од дискримнација се предложени 7 лица, меѓу кои и поранешната пратеничка на СДСМ Весна Бендевска, која по професија е психолог.

На листата се најдоа и 4-ца правници и еден лекар специјалист.

Се очекува Собранието да ги изгласа на некоја од следните седници.