Фудбал
13. February 2017 - 14:38

Ќе остане ли Ибра во Јунајтед ?!

Златан Ибрахимовиќ сеуште не одлучил дали и во наредната сезона ќе биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед.
 
Легендата на Шведска, на почетокот на оваа сезона на „Олд Трафорд“ пристигна од ПСЖ, потпишувајќи едногодишен договор, со можност иститот да биде продолжен за уште една година.
Иако има 35 години, Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец на „црвените ѓаволи“, со 15 голови во Премиерлигата, односно 20 во сите натпреварувања.
 
„Условите се исполнети, но сеуште ништо не е решено. Ќе видиме што ќе се случи“, рекол Ибрахимовиќ.
 
Манчестер Јунајтед има серија од 16 натпревари без пораз во Премиерлигата (последниот пораз го доживеал на 29.октомври минатата година), но на табелата се наоѓа на шестото место со 49 бодови, еден помалку од градскиот ривал Сити и Ливерпул, односно два помалку од Тотенхем и Арсенал, кои се наоѓаат на позициите два и три.
 
 
 
Јунајтед наредниот меч во првенството ќе го одигра дома против Борнмут, на 4.март, а претходно му престојат натпреварите во Лига Европа, против Сент Етиен, односно гостувањето во Блекбурн во ФА купот.