Бизнис
26. December 2016 - 16:49

Ќе паѓаат ли царините на производите нарачани он-лајн?

Ќе паднат ли царините за нарачките на интернет? Директорот на Агенција за пошти вели дека ова прашање ќе остане да го решава новата Владата. Со сегашната регулатива царина не се плаќа за нарачки до 45 евра. Агенцијата смета дека постојат услови за укинување на царината за производите за лична потрошувачка кои граѓаните ги нарачуваат преку интернет.

Поедноставување на царинските постапки за интернет нарачаките е важно од две причини, прво за да се зголеми он лајн тргувањето кое во светот е многу позастапено отколку кај нас и второ да се изедначат правата на лицата кои тргуваат преку интеренет и оние кои увезуваат стоки пркеу патничкиот сообраќај.

До септември годинава, Македонците потрошиле 63 милиони евра за купување преку интернет, а нарачките ги направиле 19 отсто од граѓаните, пред пет години само 1% од граѓаните купувале онлајн.

Од Агеницјата за пошти ја сумираат годината со констатација дека обемот на поштенски сообраќај од година во година се намалува, исто како и задоволството на корисниците од поштенските услуги. Корисниците најмногу се жалат дека не ги добиваат пратките. Дури 93% од сите рекламации се однесуваат на изгубени пратки.