Балкан
12. March 2019 - 13:55

Ќе почива во Австрија, ексхумирано телото на брутално убиеното момче во Бања Лука, случајот остана нерасветлен

Ексхуамцијата на посмртните останки на Давид Драгичевиќ е завршена на гробиштата во Бања Лука.

По ексхумацијата, телото на Давид е префрлено во друг ковчег. Барањето за ексхумација го поднесоа родителите на 21-годишното момче за да го погребат во австрискиот град Винер Нојштад.
 

Одобрението за ексхуамција го издаде здравствената инспекција на Бања Лука.

Давид Драгичевиќ исчезна на 18 март во Бања Лука, а неговото телото е пронајдено шест дена подоцна на устието на реката Црквена во Врбас.

Родителите сметаат дека тој случај до крај не е расветлен. Во градот во повеќе наврати беа организирани масовни граѓански протести под мотото „Правда за Давид“.