Ќе се подобрува управувањето со отпад во Делчево, Берово и Пехчево
Локалната акциска група (ЛАГ) Малеш – Пијанец, започнува со реализација на проект што треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во општините Делчево, Берово и Пехчево.
Со проектот како што информираше претставникот на ЛАГ Малеш – Пијанец, Тони Стоименовски ќе се воведе почетна селекција на отпадот во трите општини.
– Со проектот во трите општини Делчево, Берово и Пехчево е предвидено собирање на отпадот преку поставување јадра за селекција на отпад од стакло, пластика и хартија, а ќе се набават контејнери и парковски канти за отпад. Исто така, се предвидува и набавка на камери кои ќе се постават на јавни површини и треба да придонесат за подобра контрола и заштита на јавните површини и урбаната опрема, вели Стоименовски.
Како еден од седумте ЛАГ-ови кои се формирани во државата, Стоименовски додава, дека неодамна е потпишан првиот договор со Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој за поддршка на дел од приоритетите и за институционално функционирање на самиот ЛАГ Малеш – Пијанец.
– Со реализација на овие активности очекуваме да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните со акцент на подобро управување со отпадот, кој е еден од основните проблеми во регионот, додава Стоименовски.
Средствата кои ЛАГ-от ги добива од ресорното Министерство се во висина од 880 илјади денари, а останатите трошоци се на товар на трите општини.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор