Македонија
6. February 2020 - 16:39

Ќе се распушти ли Собранието на 12. февруари? - И власта и опозицијата сигурни во себе

Блеф е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието на 12 февраури со цел да се одбегне носењето на законот за обвинителство тврдат од владејачкјата СДСМ. Тие не се изјаснуваат дали и како ќе гласаат по ваквиот предлог, но велат дека нема одложување на изборите на 12 април.

Од друга страна, од ВМР-ДПМНЕ велат дека седницата на 12 февруари ќе покаже кој всушност блефира: дали власта или опозицијата.

Остануваат и суштинските разлики за законот за обвинителство. Опозицијата и понатаму тврди дека експертите треба да го напишат законот. Од власта пак, велат се уште се преговара со пратеничките групи за се дојде до 80 пратеници.

Од друга страна, лидерот на Алијансата на Албанците Зијдин Села даде поддршка за законот за обвинителство доколку се прифатат и нивните забелешки.

Од друга страна Алијанса веќе се изјасни дека ќе го поддржи и предлогот за распуштање на Собранието.

Од ДУИ пак, се уште се без официјален став иако неофицијално поддржуваат и распуштање  закон со обвинителство, но само со прифатени амандмани.