Македонија
23. May 2019 - 15:37

Ќе се уништува неексплодирана граната на патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 милиметри.

– Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек. Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам, соопшти денеска МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да се воздржат од движење на наведениот пат во наведеното време.