Бизнис
13. January 2021 - 20:59

Ќе се вмеша ли Владата по лошиот извештај од УНЕСКО?

Владата за сега нема да преземе ништо по забелешките и најкатастрофалниот извештај на УНЕСКО за охридскиот регион. Не планира да се меша или да им ги одземе ингеренциите на општините. Надлежни за дивогрдабите се охридскиот и струшкиот градоначалник. Ако тие не го решат проблемот, ќе се вмеша владата.

Забелешките на УНЕСКО се однесуваат на недоволна заштита на старата архитектура, дивогрдаби долж крајрежјето, нарушен изглед на старите објекти, поставени тенди на летните тераси. Препорачуваат уривање на дивоградбите и останување на објектите кои  функционираат како плажи.И охрискиот и струшкиот градоначалник не знаат колку дивоградби има во општините со кои тие раководат. Не чувствуваат одговорност, затоа што нелегалните објекти  биле претходно изградаени.

И додека надлежните си ја префрлаат топката, еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 со писмо до претседателот Пендаровски.  – Вие имате моќ и одговорност да го спасите Охрид. 

“ Власта, очигледно, нема никаква намера, ниту пак интерес, да го зачува милиони години старото природно и културно богатство, и за тоа треба да одговара пред законот. Сакаме да веруваме дека не е се изгубено, и дека се уште постојат политички и институционални авторитети кои се грижат за нашите природни и културни богатства, а со тоа и за интересите на граѓаните и јавноста. Претседателот на државата има законска обврска да се погрижи за спроведувањето на препораките, односно спроведување на меѓународната конвенција, ратификувана уште во 1979“, се наведува во писмото упатено до претседателот.

На препораките на УНЕСКО  надлежните треба да им одговорат до крајот на овој месец. Во спротивно Охрид ќе се најде на листата загрозени подрачја.