Loading Video...
Кошарка
27. November 2019 - 11:30

„Клиперси“ им одржаа лекција на Дончиќ и Далас

 
Само два натпревари беа одиграни ноќеска во НБА лигата. 
 
Еден од претендентите за шампионската титула, тимот на ЛА Клиперс забележаа сигурна победа на гостувањето кај Далас со 114-99. 
 
Тандемот, Ленард – Џорџ искомбинираа дури 54 поени за победничката екипа. Каваи Ленард средбата ја заврши како најефикасен со 28 поени, а два помалку (26) впиша Пол Џорџ, за шеста победа во низа на „Клиперси“
 
Овојпат учинокот на словенецот, Лука  Дончиќ од 22 поени, 8 скокови и 6 асистенции, не беше доволен Далас да ја продолжи победничката низа од пет натпревари. 
 
 
На вториот натпревар, Денвер со 117-104 го победи Вашингтон. Во победничката екипа шестмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Грант 20. Иако постигна само 8 поени, Србинот, Никола Јокиќ со 20 скокови и 5 асистенции беше еден од најзаслужните за победата на „Нагетси“. 
 
За Денвер ова беше пета победа во серија, а 10-та на последните 11 натпревари.