Loading Video...
Кошарка
12. January 2022 - 14:10

„Клиперси“ надополнија 25 поени и го победија Денвер

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни неколку неизвесни дуели, во кои победниците беа решени во завршните могови. 
 
Од нив издвојуваме, Победата на ЛА Клиперс над Денвер со 87-85, меч во кој гостите имаа и 25 поени предност кон средината на третиот период. 
 
И Вашингтон се изнамачи да дојде до победа против Оклахома која е екипата со четврти најлош ефект во лигата.  Кајл Кузама кој постигна 29 поени ги предводеше „Визартси“ до победата со 122-118 
 
И најдобрата екипа во лигата Феникс се изманачи на гостувањето во Канада кај Торонто, па „Санси“ до 31-вата победа стигнаа со конечни 99-95.
 
Затоа пак најдобриот тим на истокот, Чикаго го декласира Детроит со 46 поени разлика, односно конечни 133-87, за 27-ма победа на „Булси“.