Фудбал
28. February 2017 - 17:12

Клоп: Сите играме за својата иднина, вклучувајќи ме и мене

Екипата на Ливерпул продолжува со променливата форма и лошите резултати пред се со екипите од долниот дел на табелата во Премиер лигата. Синоќа Ливерпул загуби на гостувањето кај Лестер (3-1) и сега има само две победи на 12 натпревари во 2017 година во сите натпреварувања. 
- Сега станува сериозно. Сите играме за својата иднина, вклучувајќи ме и мене. Чуствувам максимална одговорност, бидејќи јас сум одговорен. За дуелот со Лестер, дозволивме тоа да биде Лестер од ланската сезона и тоа беше наша грешка, лошите игри никому не му помагаат, изјави менаџерот на Ливрепул, Јирген Клоп.
Ливерпул заостанува  14 бодови зад лидерот на табелата Челзи и се наоѓа на петтото место на табелата со 49 бодови, еден повеќе од Манчестер Јунајтед, кој има и натпревар помалку.