Македонија
25. November 2016 - 18:02

Коалицијата за промени и правда на средби со граѓаните на Гевгелија и Валандово

Носителот на листата во изборната единица број 4, Слободан Богоески заедно со голем број кандидати за пратеници од Коалицијата за промени и правда, денеска се на средби со граѓаните во гевгелискиот и валандовскиот крај.

Од Демократскиот сојуз соопштија дека на средбите граѓаните ги истакнале проблемите со сиромаштијата, невработеноста, без преспективноста на младите...

Од партијата информираа дека Богоески на прес-конференција ги презентирал основните приоритети од програмата на Коалицијата, за решавање на актуелните проблеми во Република Македонија. Воедно тој ги повикал граѓаните масовно да излезат на гласање на изборите.