Македонија
25. April 2022 - 17:38

Кочани: Се скарале па им се заканувал со огнено оружје

Кочанчанец се заканувал со огнено оружје на две лица откако се скарале.

- На 25.04.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(35) и З.Н.(39), двајцата од Кочани, пријавиле дека околу 01.30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, по претходна вербална расправија, Б.С.(35) од Кочани им се заканил со огнено оружје, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.