-->
-->
Кога ја видов мечката како трча кон мене, се замрзнав од страв!
-->

- Гледајќи ја во очите додека трчаше накај мене, се замрзнав од страв. Срцето ми чукаше 100 на час. Имав чувство дека ќе скокнат врз мене. Никогаш нема да го заборавам тоа, изјавил Томислав Бан (40) за „24sata.hr“, кој додека бил во обиколка на врвовите Медвиџак и Велики Кобиљак сретнал мечка и младенчиња.
Загрепчанецот ја скршил ногата бегајќи он нив низ шумата на Горски Котор. Се случило околу 11:20 часот. Застанал да јаде малини, и слушнал некаков звук на 20. метри од него. Тогаш ја здогледал мечката и неколку младенчиња, се сокрил и го извадил фотоапаратот.
- Едно од младенчињата тргна кон мене. Извадив пиштол плашливец и пукав во воздух. Мечките побегнаа, исто и јас но во спротивен правец. Не знам зошто трчав, најверојатно од шок, вели Томислав.
Додека бегал се лизнал со десната нога, а левата му се заглавила меѓу карпи.
Тој ја скршил ногата, но и покрај претрпениот страв од средбата со мечките изјавил дека повторно ќе планинари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
