Живот
18. January 2016 - 15:01

Кога селфито ќе те однесе во затвор: Го осудиле 15 години поради оваа фотографија!

Објавувањето на фотографии на Фејсбук и другите социјални мрежи, може да биде опасно, особено ако сте криминалец и позирате со пиштол.
 
Судот во Кноксвил во САД, пред неколку дена осудиле еден маж на 15 години и осум месеци затвор.
 
Човекот бил уапсен поради фотографија на Фејсбук, на која држи пиштол над главата.
 
Станува збор за 42-годишниот Малик Алах Фарад, кој од порано имал две казни за поседување оружје.