Loading Video...
Македонија
18. December 2020 - 16:38

Кога во Македонија ќе пристигнат првите дози вакцини - Србија добива прва пратка од Фајзер веќе во понеделник

Западнобалканските земји кои се надеваа на брза имунизација преку Ковакс програмата, вакцините најверојатно ќе ги добијат дури во мај, откако првин ќе се вакцинираат граѓаните на ЕУ. За ова еврокомесарот Вархеји ги информирал министрите од Западен Балкан на утринскиот состанок, пишуваат регионалните медиуми. Тие пренесуваат дека на ова остро се спротивставиле Србија и Албанија.

Официјално на состанокот на кој учествувал и вицепремиерот Димитров, Вархеји ветил дека ЕУ ќе направи се земјите во регионот навреме да ги добијат вакцините.

„Работиме на тоа да се осигураме дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер по состанокот.

На состанокот тој понудил помош од 70 милиони евра за набавка на вакцините за регионот. Во меѓувреме Србија веќе даде дозвола за набавка на вакцината на Фајзер и од понеделник ќе ги добијат првите дози, околу 5000 вакцини, кои ќе бидат распределни по старските домови. Имунизацијата во земјите на ЕУ ќе започне од 27 декември.