Loading Video...
Свет
22. January 2021 - 21:16

Кои се првите луѓе во Стејт департментот - Каква ќе биде нивната политика кон Македонија?

За добрите познавачи на американската политика не е чудно зошто Бајден го избра токму 58-годишниот Ентони Блинкен за клучната позиција државен секретар. Двајцата соработувале со години, а довербата меѓу нив е огромна, вели за Сител поранешниот македонски амбасадор во САД, Јолески. Ако на сето ова се додаде и политичкото искуство на Блинкен, кое датира уште од времето на Клинтон кога бил дел од Советот за национална безбедност, повеќе од јасно е зошто токму тој е избор за шеф на Стејт департментот.

За заменичка на Блинкен е номинирана Венди Шерман, која во 2015та ги водеше преговорите со Иран. Третата позиција, потсекретар за политички прашања во Стејт департментот, е резервирана за Викториа Нуланд. Во времето на Обама таа беше десна рака на тогашниот државен секретар Џон Кери, а во нејзиниот домен беше и Балканот.

Јолевски потенцира дека Бајден отсекогаш се залагал за силна, интегрирана и проширена  Европа и очекува надворешната политика на да се движи токму во тој правец.

Блинкен и неговите потсекретари ќе ја преземат должноста откако Сенатот ке ги потврди нивните номинации. Во следните 4 години се очекува поактивен ангажаман на САД во НАТО, во односите со ЕУ и другите сојзуници и партнери.  Подобрување на односите со Индија, како противтежа на Кина, но и стагнација во политиките со Русија.