Македонија
13. April 2021 - 16:46

Кои се „тајните“ хонорарци ангажирани во Владата?

Податоците што вчера ги објави Владата не се тие кои БИРН ги побара. Авторот на текстот за владините хонорарци, Васко Маглешов, во изјава за Сител вели дека тие побарале податоци за потрошени пари за договорни услуги за декември минатата година. Владата објавила список со хонорарци и нивните примања за тековниот месец. Сега БИРН достави ново барање до Владата, бараат повторно податоци за декември лани, како и за трвите три месеци од оваа година.

ВМРО ДПМНЕ денеска обвинува дека додека народот нема пари за лекови, Владата плаќала хонорари на партиски кадри. 

Објавувајќи го списокот со актуелните професионални соработници Владата синоќа соопшти дена „тајни хонорарци“ не постојат. Внимателноста со објавувањето на податоците била мотивирана заради заштита на интегритетот и приватноста на ангажираните. 

„Согласно заложбата на Владата за транспарентност, објавувањето на оваа листа потврдува дека нема тајни хонорарци, ниту се анонимни, ниту тајно ангажирани. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Исто така, ги отфрламе и како неточни и информациите дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“, соопшти Владата.