Живот
13. May 2018 - 14:44

Кој е човекот што и го одзеде микрофонот на британската пејачка?

Финалето на 63. издание на Евровизија во Лисабон го одбележа инцидент за време на настапот на британската пејачка Сури, кога на бината влета маж и и го одзеде микрофонот, по што веднаш реагираше обезбедувањето.

Пејачката одбила да го повтори настапот, а младиот човек кој и го одзеде микрофонот, заврши во полиција.

Според информациите од медиумите, се работи за човек кој е самоповикан активист за слобода на медиумите и автор на неколку е-книги, кои на Инстаграм ги претставува под името Др.А.Ц.
На Инстаграм напишал и дека е Албанец кој се претставува дека е Британец.

„Нацисти на британските медиуми, бараме слобода, војната не е мир“ наводно извикувал кога се качил на бината.

Тој и претходно упаѓал во шоу-програми, како што е британски Војс и со тоа се фалел на Инстаграм.