Македонија
15. јуни 2019 - 16:14

Кој е Гоце Делчев?

Откако не постигнаа договор за тоа кој бил Гоце Делчев , членовите на експертската комисија за македонско бугарските прашања, професорот Кирил Топалов јавно упати навреди кон своите македонски колеги.  Професорот тврди експертите од Македонија кажувале приказни за кои немале аргументи. Топалов за македонските професори  вели дека не си ја познаваат историјата.

Според Топалов Гоце Делчев е бугарин и обвинува дека теоријата за присвојување на неговото лик и дело доаѓа по втората светска војна и одлуките на Коминтерната кои ги диктирал Сталин. Професорот Топалов вели објаснува дека Сталин не ја сакал Бугарија и  идејата негова  била да се исчезнат националните држави и да создаде една комунистичка држава. За појавата на македонизмот ги обвинува србите и вели дека во пост воениот период многу лажни изјави биле напишани.

„Во Северна Македонија се обидуваат да кажат дека чим Гоце Делчев е роден во Кукуш, тој е македонец. Сето ова доаѓа по завршувањето на Втората светска војна и одлуките на Коминтерната, кои ги диктира Сталин. Тој не ја сакаше Бугарија, бидејќи голем број советски републики сакале да се викаат Бугарска Советска Република. Идејата на Сталин беше да исчезнат националните држави и да се создаде заедничка комунистичка држава.

Граѓаните во Македонија пак го знаат она што го научиле од учебниците по историја.

Според Топалов за да се промени ваквата свест која била градена децении ќе биде потребно време.