Македонија
22. February 2020 - 16:56

Кој со кого во коалиција - Мицкоски ќе преговара по изборите, ДПА од СДСМ бара вицепремиерско место

Да почекаме да се официјализира коалицијата со граѓаните на 12 април па потоа ќе почнат разговори со политичките партии. Опозицискиот лидер Мицкоски уверен во победа на изборите. Останува на ставот дека коалициониот партнер, ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере врз основа на програмските определби
Вчера лидерот на СДСМ најави можност за коалиција со партии од албанаскиот етнички блок, а ДПА денеска ги испорача и своите барања. За соработка со Заев, Тачи бара заменик премиер во новата влада. Од неговата партија велат дека не постојат шанси за настап во заедничка коалиција со БЕСА бидејќи како што велат во ДПА, тоа за нив е мртва партија. Од Тетово потврдуваат дека се водат преговори за коалиција со НДП на Весел Мемеди. Од партијата на Тачи велат дека по политичкиот развод во 2008, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ би била тешко остварлива.
И додека Тачи води преговори, Села и Гаши веќе се договорија со заеднички сили да влезат во битката за владиниот колач со ДУИ.
Интегративиците денеска велат дека не се плашат од коалицијата на Села, бидејќи за нив, немало конкуренција
Трансфер периодот за малите партии но и официјализирањето на коалициите за поголемите завршува на 12 март кога истекува последниот рок во кој треба да бидат комплетирани кандидатските листи и доставени до ДИК. Кампањата почнува на 23 март и ќе трае до 10 април, кога ќе почне изборниот молк кој ќе трае до 19 часот на 12 април кога и ќе заврши гласањето.