Loading Video...
Македонија
23. April 2021 - 21:23

Колку можности ќе има за Македонците да патуваат во Европа - ЕУ вели 3, Министерството за здравство вели 2

 ЕУ веќе ги има контурите како ке изгледа документот. За преминување на границите ќе треба да се исполни еден од трите услови, лицето да биде вакцинирано, да има прележано Ковид тест или да има негативен ПЦР тест.

 Бугарија  веќе оди во тој правец. Од први мај ги отвора своите граници на три начини - со вакцинална потврда, негативен тест, и тест за антитела или документ за прележана инфекција не постар од шест месеци од датумот за влез во земјата. И македонските здравствени власти најавуваат дека слични регионални сертификати ќе има веќе од наредната недела, но министерот Филипче не споменува дали во документот ќе има опција да се патува и со стекнати антитела.

Според најавите од Брисел предлогот за здравствен пасош треба да стане оперативен до 21 јуни. Но, некои земји веќе почнаа да го практикуваат.

Франција е првата земја членка на ЕУ која го започна тестирањето на дигиталниот ковид пасош. Државната апликацијата за следење контакти е надоградена така што на мобилните телефони на патниците ќе влезат и негативните ПЦР тестови. Со оваа апликација туристите прво ќе можат да летаат за Корзика. Од 29 април ќе бидат внесени и потврдите за вакцинација, а пропусницата ќе важи и за саеми, концерти, фестивали, но не и барови и ресторани. Во Данска исто така постои ковид пропусница која можат да ја добијат оние кои се  вакцинирани, лица кои биле позитивно тестирани на Ковид 19, две  или 12 недели пред да побараат сертификат и сите  кои имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Данците со овој документ можат слободно да се движат внатре во земјата и да посетуваат затворени настани.